Услуги

 

Естетска стоматологијаповеќе...

Сакате вашите пломби да бидат незабележливи?

Ние користиме стоматолошки материјали кои се многу слични по боја структура и форма на Вашите природни заби.

 

Одржување на добра орална хигиенаповеќе...

Одржувањето на добра орална хигиена е основен предуслов за здраво забало. Таа помага во спречување заболувањата на непцата и забите, а тоа придонесува за здрави заби и непца. Сите третмани, како што се отстранување на меки и тврди наслаги, пребојувања од цигари, чај или кафе, се внимателно сработени без болка и дискомфорт.

- Чистење на тврди и меки наслаги, киретажа и полирање

- Пескарење под силен воздушен млаз

 

Белење на авитални (мртви) забиповеќе...

Забите, често поради голем кариозен процес или пак траума, имаат потреба од отстранување на пулпата која го исхранува забот, а поради тоа по одредено време доаѓа и до потемнување на забот. Кај ваквите заби во текот на третманот на забот се аплицира средство за белење, кое се остава да делува неколку дена. Контрола се врши секојдневно. По успешното белеење забот се затвара со соодветна пломба.

 

Ендодонтски третманповеќе...

Ендодонтскиот третман за забите се прави со цел да се отстрани веќе оштетената забна пулпа и да се спречи ширење на инфекцијата кон околните ткива.

 

Забни протезиповеќе...

Тоталните протези се користат кај луѓе кај кои нема ниту еден преостанат заб. Протези исто така можат да се користат и кај луѓе кај кои се изгубени повеќе заби. Во овој случај таквите протези се наречени парцијални. Тие се така дизајнирани да бидат лесно прифатливи, функционални и да  го задоволат естетскиот изглед.

 

Дентални коронки и мостовиповеќе...

Дентална коронка претставува порцеланска навлака која го покрива забот се со цел да се заштити, да се  подобри неговата цврстина и неговата естетска вредност. Додека, мостовите се користат за премостување на празен простор добиен од загубен заб, помеѓу два здрави заби, кадешто соседните заби служат како анкери. Во изработката на коронките и мостовите се користат висококвалитетни порцелански материјали за санирање на дефектот:

- Метал-керамички коронки и мостови

- Најнова технологија на безметална керамика, zirconia коронки и мостови

 

Дентални имплантатиповеќе...

Денталниот имплантант претставува вештачки забен корен, најчесто направен од титаниум, кој се аплицира во вилицата, со цел да служи како анкер на загубен заб, мост или протеза. Дентални имплантати овозможуваат подобра структурна потпора. Тие се естетски, долготрајни материјали, кои даваат чувство на сопствен заб.

 

Ортодонтски третманповеќе...

При ортодонтскиот третман се користат разни видови на интервенции, со цел да се подобри поставеноста на забите во вилицата. Постојат многу начини за третирање на лошиот загриз ( малоклузија), како што се употреба на голем број на фиксни и мобилни ортодонтски апаратчиња.

 

Орално-хирушки интервенцииповеќе...

- Екстракција/Вадење на заб

- Хирушко вадење на заб или заостанат корен

- Цистектомија

- Апикотомија

- Вадење на импактирани/заробени во вилацаѕта заби

- Претпротетска хирургија

- Ортодонтско-хирушки интервенции

-Хирушки интервенции на меки ткива

 

Рентген дијагностика