Стоматолози

Др. Татјана Поп Ацева

Специјалист по стоматолошка протетика
an image

Дипломира на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1985 година. Од 1988год. до 1996год. работи како асистент на иститот факултет на катедрата по стоматолошка протетика, кога започнува со работа во приватната здравствена стоматолошка ординација "Поп Ацеви". Специјализира од областа на Стоматолошка протетика во 1994год. Автор е на повеќе научни трудови.

Др. Сашо Поп Ацев

Специјалист Орален хирург
an image

Дипломира на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1985 година. Од 1988год. до 1996год. работи како асистент на иститот факултет на катедрата по орална хирургија, а потоа започнува со работа во приватната здравствена стоматолошка ординација "Поп Ацеви". Специјализира од областа на Оралната хирургија во 1994год. Автор е на повеќе научни трудови.

Др. Дарко Поп Ацев

an image

Дипломира на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2009 година. Од 2010год. работи во приватната здравствена стоматолошка ординација "Поп Ацеви". Во 2011год. запишува докторски студии на катедрата за ортодонција.